Нефролог
Skopje, MK, 1000 Skopje, MK, 1000 Strumica, MK, 2400 Kumanovo, MK, 1300 Gevgelija, MK, 1480 Kriva Palanka, MK, 1330 Kochani, MK, 2300 Delchevo, MK, 2320 Shtip, MK, 2000
Диаверум е мултинационална здравствена компанија која што започнува во Шведска, и обезбедува бубрежна нега што го подобрува животот на пациентите со хронична бубрежна болест (ХББ), давајќи им можност да живеат исполнет живот. Како глобален лидер и најголем независен давател на бубрежни услуги во Европа, ние се грижиме за околу 38.000 пациенти низ 440 клиники во 23 земји на глобално ниво.
Нашиот фокус е да обезбедиме бубрежна нега приспособена на потребите и изборот на пациентите, нудејќи портфолио на третмани кои се движат од превентивна нега, хемодијализа, до координација на коморбидитетите на пациентите и дијализа за годишен одмор.
Хроничната бубрежна болест (ХББ) е глобален и ескалирачки предизвик денес кој влијае на околу 10% од возрасната популација во светот. ХББ е првенствено предизвикана од болести од начинот на живот, како што е дијабетесот, а неговата распространетост се зголемува, особено во земјите во развој и кај поединците со ниски приходи. Ние се грижиме нашите клиники бидат безбеден и познат простор каде што сите наши пациенти ќе се чувствуваат добредојдени.
Нашата визија е да ја трансформираме индустријата преку дигитални иновации насочени кон пациентите, обезбедувајќи и проширувајќи го пристапот до највисок квалитет на нега. Фокусот во работата е на нашиот стандардизиран, сопствен модел за испорака на нега, овозможен од дигиталната инфраструктура која постојано се развива. Се стремиме да обезбедиме супериорни медицински резултати што ги надминуваат оние што ги бараат националните здравствени системи и ги поддржуваме пациентите преку подобрување на персонализираната нега, леснотијата на користење на новите услуги преку технологијата.
Диаверум вработува приближно 13.000 луѓе и оперира во 440 клиники во 23 земји на глобално ниво. Диаверум има седиште во Малме, Шведска.
Дознајте повеќе:
Сега сме во потрага по ДОКТОР НЕФРОЛОГ.
- МИСИЈА: Обезбедување високо ниво на медицинска нега на пациентите во центрите за дијализа
- ОДГОВОРНОСТИ: Во нашиот центри, нудиме хемодијализа, хемодијафилтрација и најдобра можна нега врз основа на индивидуалните медицински потреби на пациентите и со силен фокус на нашите пациенти да се чувствуваат вклучени во нивниот третман.
- Дијализно лекување на пациенти според процедури
- Учество во дневните активности на центарот за грижа за пациентите, учество во изготвување и доставување на извештаите;
- Консултирање за планираното постапување со пациентот со колега пред неговото спроведување;
- Толкување на основните дијагностички лабораториски резултати, електрокардиографите и радиографиите на градниот кош и назначување на терапија;
- Евидентирање на дневната состојба на пациентот;
- Присуство и активно учество на дневна визита на пациентите поединечно или како тим определен од медицинскиот директор;
- Учествo во едукативната активност на центарот.
- ЗА ТЕБЕ:
- Универзитетска диплома – Медицински Факултет
- Лиценца за нефролог
- Претходно работно искуство на иста или слична позиција се смета за предност
- Работа со компјутери и познавање на MS Office
- Познавање на анлиски јазик
- Способност за брзо учење
- Развиени комуникациски вештини
- Организираност, самоиницијативност и стручност
- ПРИДОБИВКИ:
- 36 часа неделно работно време
- Секогаш слободни недели
- Пристап до нашиот внатрешен портал за обука
- Менторска поддршка за време на периодот на имплементација
- Можност за професионален развој и надоградба
- Атрактивни услови за вработување во меѓународна компанија со воспоставена позиција на пазарот
- Пријателска работна атмосфера со посветен и поддржувачки тим
- Солидни и редовни месечни примања согласно законската и подзаконската регулатива во Македонија
Во Диаверум ги цениме различностите. Посветени сме на еднакви можности и на создавање на инклузивна работна средина за сите наши луѓе. Ги поздравуваме апликантите без разлика на етничка припадност, националност, пол, родов идентитет, боја на кожа, религиозни убедувања, попреченост, сексуална ориентација, возраст или брачен статус.
Аплицирај со испраќање CV на маил hr.macedonia@diaverum.com или преку полето за апликација.